Македонија
21. February 2019 - 16:18

Заев и Касами на средба за заеднички претседателски кандидат

Опозициската БЕСА на Билал Касами остава отворена врата за поддршка на еден заеднички претседателски кандидат, но за нив клучно ќе биде името позади кое би застанале.

На денешната средба Касами на премиерот Зоран Заев му предочил дека консензуалниот пртеседателкски кандидат треба да има јасна цел.

Заев пак, е оптимист дека до конгресот на партијата ќе успее позитиовно да гфи заврши разговорите со сите поилитички субјекти, со цел да се пронајде личност која ќе биде обединувачка за сите. По неуспешната вчерашна средба со Зијдаин Села, Заев најавува нов обид да разговара со опозициската Алијанса на Албанците.

Во меѓувреме на партискиот конкурс за претседателски кандидат се уште има само едно име. Ѓорги Филипов. Екс Амбасадорот смета дека тој може да биоде токму личноста по која трага Заев и неговите коалициони партнери.

Инаку, во игра за консензуален прекстедателски канидаат се уште се дел од имињата кои се вратат во јавноста, но никој засега не потврдува кој колкави шанси има.