Македонија
30. November 2021 - 16:41

Заев и Гаши одат на нова средба

Нова средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши за влез на оваа партија во Владата треба да се очекува во наредните два дена неофицијално тврдат извори од власта. Според нив, СДСМ и Алтернатива денеска и утре ќе бидат во интензивни координации внатре во партиите, но и меѓусебе за да се додефинира учеството на партијата на Гаши во власта.

Сепак, нема официјални информации за тоа што вусшност значи начелна согласност за соработка што синоќа ја постигнаа двајцата политичари. Иако во владиното соопштение стои дека Заев и Гаши разговарале за можните кадровски решенија, како министри, заменици и други раководни лица, денеска од Алтернатива велат дека до овој момент немат ниту понуда ниту барања за позиции.

Неофицијално, оваа партија бара значително учество во новиот владин кабинет. Во игра се дури и вицепремиерско место, како и министерски позиции во здравство и уште два ресори.

Од влезот на 4 пратеници на Гаши во владинотот мнозинство ќе зависи и начинот на кој ќе функцинира Собранието. Неизвесна е дури и одложената седница за пратенички прашања. Наредната седница, на која треба да се најде и буџетот е закажана за 9 декември. До тогаш, велат неофицијално од СДСМ ќе се стабилизира мнозинството и седницата ќе се одржи.

Од друга страна пак, од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат во притоск врз Алтернатива да ја промени страната.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сметаат дека СДСМ и ДУИ имаат нелегитимна власт и дека решение од политичката криза се брз предвмрени избори.