Македонија
11. јуни 2018 - 16:21

Заев и Ципрас по телефон договорија утре пак да се слушнаат

Премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, попладнево имале телефонски разговор.

Како што јавува дописничката на МИА од Атина, по едночасовниот телефонски разговор, Ципрас и Заев се договориле утре претпладне повторно да се слушнат.

Телефонскиот разговор Ципрас - Заев, како што брифирале грчки владини извори за медиумите во Грција, бил во 15 часот по грчко време.

Се очекува официјална потврда од двете влади.