Македонија
11. јуни 2018 - 17:27

Заев и Ципрас остварија телефонски разговор

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денеска гo остварија долгогнајавуваниот и долгоочекуваниот телефонски разговор поврзан со решение на спорот за името.

Според грчките медиуми, Заев и Ципрас искомуницирале во 15 часот, но засега нема детали што разговорале за време не едночасовниот телефонски разговор, туку единствено може да се дознае дека разговорот поминал во позитивна атмосфера.

Притоа, двајцата премиери се договориле утре наутро повторно да стапат во контакт за да ги продолжат разговорите со цел финализирање на договорот.