Македонија
4. February 2019 - 16:52

Заев и Борисов заеднички го чествуваат раѓањето на Гоце Делчев

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во Република Бугарија, каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На средбата, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново. Министрите Баново и Адеми за време на посетата ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу двете земји.