Македонија
28. May 2019 - 17:00

Заев и Анѓушев најавија нова инвестија на ТабМак во земјава од 25 милиони евра

Словенечката компанија за производство на акумулатори ТабМак ќе инвестира 25 милиони евра во Македонија. Ќе го прошират призводството во фабриката во Пробиштип со современа технологија а предвиделе и отворање на 90 нови работни места. Веста ја соопштија премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев кои се во дводневна посета на Словенија.

- За нас е многу значајно, бидејќи се птоврдува дека една компанија која скромно стаертувбаше кај нас пред неколку години, сега носи одлука за една ваква инвестиција. Тоа преставува потврда за сите наши политики кои значат отворање на сите перспективи за сите економски политики што ги водиме, вели Зоран Заев премиер

ТабМак инвестира надвор од технолошко индустриските зони во земјата. За Заев инвестицијата е важна бидејќи е во внатрешноста на земјата каде има голема миграција на младите.

- Да го крепи рамномерниот регионален развој, во Источна Македонија имаме миграции и со нови работни места ќе ги задржиме младите, вели Заев.

Освен ТабМак, вицепремиерот Анжушев во Словенија имал средба со 17 компании кои биле задоволни од бизнис климата во земјата.

Премиерот Заев, пак, денеска имаше средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец. Заев го запознал неговиот колега за политичката состојба во земјата а и двајцата премиери очекуваат позитивен исход од бизнис форумот во органзиација на стопанските комори на двете земји. Заев ќе има средба и со претседателот на Словенија Борут пахор.