Бизнис
26. January 2019 - 8:29

Заев и Анѓушев на трибина „Силна економија – шанса за сите“

Владата на Република Македонија денеска започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и  активности „Силна економија – шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

На првата дебата што ќе се одржи денеска во Велес граѓани и претставници на компании од овој град ќе дебатираат со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Трибините со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.