Македонија
18. April 2019 - 9:00

Заев и Анѓушев ќе извршат увид на состојбата на системот за водоснабдување во Гевгелија

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе извршат увид во тековната состојба на системот за водоснабдување во Гевгелија.
 
Премиерот и вицепремиерот ќе бидат придружувани од градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков.
 
Заев и Анѓушев по завршувањето на увидот ќе имаат средба со претставници на бизнис заедницата од тој регион.