Македонија
18. February 2019 - 16:39

Заев и Ахмети се договорија: Партиските тела ќе одлучат кој ќе биде заеднички консензуален претседателски кандидат

Лидерите на владините СДСМ и ДУИ – Зоран заев и Али Ахмети  се договорија за консензулаен кандидат на претседателските избори на 21 април. Сепак, дали тоа ќе се реализира ќе зависи од одлуката на партиските тела во двете партии кои треба да ја донесат одлуката до крајот на неделава. На денешната лидерска средба не се разговарало за конкретни имиња, но  било договорено изборот на заедничкиот кандидат да биде направен врз основа на внатрепартиските анкети на СДСМ и ДУИ.

Доколку има и конечен договор, името би било преговарано наредната недела, а целиот процес треба да заврши до партискиот конгрес на СДСМ на 3 март.  Ако пак, пропадне идејата за консензулаен кандидат во игра се уште е вантрепартискио оглас.

Таму доминираат пет имиња: Стево Пендаровски, Никола Димитров, Рената Дескоска, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски. Во ДУИ пак, според премиерот Заев ,како најсериозни имиња избиле Абдулафман Беџети и Теута Арифи.

Иако партиски извори коментираат дека министерот Никола Димитров е заедничкото име на анкетите на СДСМ и ДУИ, ниту Заев ниту Ахмети сакаа да го потврдат ова или пак, да кажат дали се работи за профатливо решение со цел да не влијаат врз процесот.

Заев уште еднаш потврди дека нема да се кандидра за шеф на државата.

И Ахмети смета пак, дека Заев не би била добра идеја.

Освен со ДУИ, Заев консензуланиот кандидат до крајот а неделава треба да го договара и со ДПА на Мендух Тачи и БЕСА на Гаши.

Преговори ќе има и со албанската опозиција.

Во  меѓувреме, кандидатката на опозциската ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска веќе е активна на терен. Таа доби поддршка и од женското лоби на Европската народна партија предводено од европратнеичката Дорис Пак.

Иако, Силјановска изјави дека нема ништо против да биде консенсулаен кандидат и од СДСМ, премиерот Заев смета дека со своите настапи професорката не покажала таков обединувачки потенцијал кај граѓаните.