Македонија
13. February 2019 - 16:14

Заев и Ахмети преговараат за консензуален претседателски кандидат

Лидерска средба Зоран Заев – Али Ахмети која треба да се случи деновиве ќе го одреди консензуланиот кандидат за претседател на државата на владини партнери СДСМ и ДУИ. Ова е епилогот од синоќешната одлука на централниот одбор на СДСМ дека консензуален кандидат е најдобрата опција за претседателските избори на 21 април.

Идејата е прифатлива и за ДУИ од каде откриваат дека Заев и Ахмети се сретнале и минатата недела, но за конкретни имиња се уште не се разговара.

Тој вели дека владината коалиција е во добра кондиција.

Партијата на Зоран Заев освен од ДУИ, поддршката за конензуален кандидат ќе ја бара и од опозициски партии.

Како резервна варијанта во случај да не с епостигне догворо останува јавниот повик за партиски кандидат, постапка која треба да финишира на конгресот на 3 март.

СДСМ по тактизирање од две недели, вчера одлчи да нема предвремемни парламентарни избори кои ги бараше опозцијата. Раковдството процени дека СДСМ не смеело да ги ризикува државните интереси и реформскиот процес за добивање на датум за преговори со Европската Унија.

За ВМРО-ДПМНЕ тоа е само изговор за лошиот рејтинг со кој се соочува владејачката партија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е сигурна во победа и на претседателските избори.