Македонија
8. May 2019 - 16:32

Заев и Ахмети на лидерска ќе одлучуваат кој ќе биде „изметен“

По најавата на Премиерот Заев за смена на функционери од власта, шпекулациите стануваат се погласни, но “метлата никако да заигра”.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ги негираше информациите дека повторно ќе биде вратена да раководи со ресорот образование.

- Не сум јас Никола Тодоров и да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.

Во јавноста се појавија информации и за смена на Министерот здравство Венко Филипче, тој пак  смета дека добро раководи со министерството, но дали ќе биде на листата на “метлата” остава на премиерот Заев да одлучи.

Информациите за промена во министерството за надворешни работи поради заминување од земјава на актулниот шеф на дипломатијата на својот ФБ профил ги демантираше Никола Димитров, Тој доцна синоќа напиша:

-Гладна кокошка просо сонила!

Не само во извршната, Заев најави метла и во локалната власт. Се шпекулира дека премиерот и лидер на СДСМ ќе побара двајца градоначалници во Скопје да си дадат оставки поради слабите резултати и по цена да ги изгубат наредните избори.

Неофифицијално чистката на функционери ќе почне по коалициската средба Заев-Ахмети која треба да се одржи деновиве.

Се очекува првиот нов функционер да седне во испшразнетото министерско место во култура по оставката на Асаф Адеми.