Заев-Хан: Очекуваме и веруваме дека од јуни Република Северна Македонија ќе почне да испишува европска иднина
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел, денеска оствари средба и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан, со кого разговарале за европската иднина на нашата земја.
Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација се одржал во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцирал дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија.
Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, искажал верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.
На средбата, еврокомесарот Хан го охрабрил премиерот Заев да продолжат реформите во земјата, а била искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуки што се од интерес на Република Северна Македонија.
Заев, се вели во соопштението, на средбата со Хан потенцирал дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење