Заев: Груевски и пркоси на меѓународната заедница
Власта со распуштањето денеска утврди пркос кон тоа што го соопштува континуирано меѓународната заедница, истакна на прес-конференцијата одржана синоќа лидерот на опозицијата Зоран Заев.
-Меѓународната заедница не е таа што дава зелено светло или црвено светло. Тие своите ставови јавно ги соопштуваат секој пат, дури и во последните свои интервјуа на двајцата амбасадори на САД и ЕУ ги испратија повторно пораките дека ДИК одлучува, дека граѓаните одлучуваат и дека Македонија мора да има регуларни, фер и демократски избори. И покрај тоа што го потенцира и датумот 5 јуни. Согласно тоа што го соопштија, власта со распуштањето денеска утврди пркос кон тоа што го соопштува континуирано меѓународната заедница. Не може САД и ЕУ да бидат против универзалните, европски вредности. Не може да бидат против условите за обезбедување на фер, демократски и регуларни избори. Можат единствено да останат на линијата на борбата за тоа што граѓаните треба да го имаат, а тоа е да дочекаат регуларни, фер и демократски избори, рече Заев.
Ново на Сител
-
Уапсен 73-годишен од Крушево, во неговиот дом пронајдени оружје и дрога
-
Здравствени работници бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток
-
Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори
-
Интересот за тутунопроизводство останува, но не и задоволството од цените
-
Најмалку 63 луѓе го загубија животот во невреме во Пакистан
-
На полноќ почнува кампањата за парламентарните избори
-
Денешни активности на претседателските кандидати
-
Нетранспарентно се трошат парите на родителите во училиштата