Македонија
5. February 2016 - 17:36

Заев го потврди „Мастер-планот“ со Катица Јанева

Зоран Заев јавно потврди дека има „мастер план“  со специјалната обвинителка Катица Јанева. Пред сопартијците од скопската населба Капиштец ги  откри  следните чекори односно  нарачките кои Јанева треба да ги реализира за СДСМ. Заев очекува од Катица Јанева таа да биде неговото главно оружје и директно да му помогне за изборите кои предстојат пишува Курир.

-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев. Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, изјави Зоран Заев, лидер на СДСМ

Дека Заев и Јанева имаат заеднички план  открија медиумите уште пред една недела. Заев ги уверувал  сопартијците и коалициските партнери дека ја активирал и последната карта за одложување на изборите а тоа е Катица Јанева. Лидерот на СДСМ ги интезивирал ургенциите кај Јанева изминатиов период,пишува порталот. Неодамна се одржала и тајна средба меѓу нив надвор од Скопје каде бил договорен мастер планот за проблематизирање на датумот за избори.