Заев: Ги примаме пораките од Бугарија, очекуваме решение на отворените прашања и поддршка за ЕУ
Можно е брзо да се најде решение на отворените прашања со Бугарија. Ние потпишавме договор во кој прифативме дека имаме заедничка историја, а секако дел од историјата ни е посебна на двете земји, и во тој дух јас верувам дека комисиите ќе изнајдат решение, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијата во Владата одговорајќи на новинарслко прашање за позицијата на Софија кон евроиинтеграцијата на земјава.
-Комисијата е стручна и е направена за да ги дефинира работите. Нашите укажувања се да преземат храбри чекори, чекори засновани на фактите и на вистината, фактите и вистината се јасни и апелираме да се изнајде решение и верувам дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа треба и страната од Бугарија, рече Заев.
Тој верува дека и ова поглавје од историјата ќе биде надминато и информираше дека до сега се решени четири историски периоди со шест или седум значајни личности кои заедно ги чествуваме дел од тие периоди.
-Политички покажаеме и со договорот дека сме за соработка со Бугарија и продолжуваме во тој правец. Верувам дека и ова поглавје од историјата за кое се разговара ќе биде надминато. Целта ни е да го зајакнеме пријателството и добрососедството. Очекувам дека ќе биде најдено брешение. Бугарија е еден од нашите најсилни поддржувачи во ЕУ, а верувам дека тоа ќе го покаже и со одлуката за добивање датум за преговори по 15 години кандидатски статус. Верувам дека нема потреба за загриженост, го примаме алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија. Веќе работиме со комисиите, ќе имаме состаноци и ќе укажеме со конечна цел двете страни да бидат среќни и задоволни при постигнувањето на тоа решение, зиајво премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите