Македонија
21. April 2018 - 16:13

Заев: Фокусот е на решение на проблемот, а не рокови

Секако дека ќе се сретнеме со Алексис Ципрас на самитот на западен Балкан во Софија на 17 и 18 мај, но добро е тоа да биде затоа што сме блиску до решение во спорот со името, а не заради тоа што сме сите заедно, вели премиерот Зоран Заев за тоа кога би била наредната премирска средба меѓу двете страни имајќи ја пред вид средбата на Димитров и Коѕијас со Нимиц наредната недела во Виена. Тој повтори дека состанок со Ципрас поради спорот би значело дека е постигнато решение за 90 отсто од проблемот, и остануваат уште 10 отсто да бидат надминати на таа средба.

И покрај најавите на Коѕијас дека нема време за решение до самитот на НАТО или јунискиот состанок на советот на ЕУ, Заев вели дека решение сепак е можно, како и добар исход во евроатланските интеграции.

-  „Ако постигнеме решение ќе видите дали автоматската покана ќе биде активирана од јуни или од септември или од ноември...дајте да го решиме проблемот, ќе биде активирана, ќе се најдат решенијата правно – формално како ќе бидат двете страни заштитени. Многу е важно процесот да биде решен заради добивање на датумот за почеток на преговори со ЕУ. Ние веројатно ќе ги добиеме заради исполнетоста на условите, ако продолжиме во овие месец и половина и понатаму да имплементираме и носиме закони и реализацијат да биде успешна. Јас сум убеден дека треба да добиеме поддршка, но ќе бидеме сигурни дека ќе ја добиеме како имаме решение на проблемот со името“, рече Заев

Тој вели дека двете страни велегуваат во фаза на најсуптилни детали и мора да бидат многу креативни за да се заштитат.

- „Јас мислам дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде што сите партиципенти во државата би застанале заедно за нешто што е во согласност со зачувување на нашето достоинтство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинство секако на грчаката страна и нивниот идентитет“, изјави Заев 

Сека сега се најдобрите моменти за решение во спорот од 1995 година смета и Никос Ксидакис, пратеник и портпарол на пратеничката група на СИРИЗА. Тој во интервју за МИА вели дека чесен и функционален договор може само корист да им донесе на народите на двете земји. Ксидакис уверува дека евентуалниот договор ќе помине во грчкиот Парламент и покрај несогласувањето на коалициониот партнер во Владата, Панос Каменос.

На прашањето дали смета дека Македонија може да го прифати барањето за име за севкупна употреба и промена на Уставот, тој вели дека „постои политичка волја за да одиме напред“.

„Официјалната грчка позиција е таа и на оваа основа досега е направен конструктивен дијалог. Мислам дека имаме уште време пред нас, мислам дека имаме време да видиме“, вели грчкиот пратеник.