Заев: ЕУ ги разочара граѓаните на Северна Македонија
Не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел е европеизацијата на нашата земја. Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор. На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште 5, 7 или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор“, истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ на англиски јазик и наведе дека за жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Македонија и сега разочарувањето е навистина големо.
Претседателот на Владата Заев посочува дека европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива, пред сè поради вредностите на Унијата кои значат подобра и просперитетна иднина, но додаде дека земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија.
Премиерот Заев посочи дека оваа Влада преку Договорот од Преспа со Грција и со Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија успеа во еден европски манир да реши децениски прашања.
Во насока на европеизацијата на нашата земја претседателот на Владата Заев истакна дека Македонија е позитивен пример во регионот како мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија.
Во однос на пречките со Бугарија на нашиот европски пат, премиерот Заев изрази оптимизам дека по формирањето на политичка Влада во Софија се отвора можност за надминување на овие прашања и посочи дека Владата на Македонија го задржува курсот на посветеност и пријателство.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс