Заев: Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни
Република Македонија првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит на НАТО, напиша на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.
-Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни! Денеска се одржува НАТО Самитот, на кој Република Македонија за првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели, стои во објавата на премиерот.
Денеска во Брисел, премиерот Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.
Ова е прв НАТО Самит на кој Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки.
На Самитот влaдината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет. Покрај состанокот, владината делегација има неколку билатерални средби, после кои премиерот Заев ќе има изјава за медиумите.
Шекеринска на нејзиниот фејсбук-профил истакна дека на денешниот Самит на НАТО во Брисел, ќе бидат поставени столбовите на кои најмоќниот воено-политички сојуз ќе ги потпре политичките и безбедносни гаранции за сите сојузници.
– Зацврстена трансатлантска врска, засилени политички консултации, посилна колективна одбрана, силна отпорност, технолошки развој, се гаранции и за Македонија која прв пат рамноправно со сите може да го каже својот став, потенцираше министерката за одбрана.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово