Македонија
6. March 2018 - 16:07

Заев е против промена на Уставот

Промена на Уставот не е никаква гаранција за Грција за трајно решение на спорот, вели премиерот Зоран Заев, одговарајќи на инсистирањето на грчката страна за уставни измени како услов за постигнување договор за спорот за името.

Премиерот Заев, ја отфарла варијантата за уставни исмени, нудејќи и на Грција опција за меѓународен договор, заснован на меѓународното право.

Македонскиот премиер вели дека Македонија веќе ја исполнила едно од клучните барања на Грција, врзано со иредентизмот. Следно вели Заев е откако ќе се постигне договор, да се формираат комисии во двете држави кои би ги разгледувале наставните содржини во учебниците по историја.

Заев вели дека за Македонија најважен момемент е идентитетското прашање, а што се однесува до позицијата на грчкиот претседател околу малциинства, Премиерот Заев смета дека најдобро е да се искористи праксата од Уставот на Грција.

Оптимизмот од македонаката страна за решение на спорот се уште постои, иако досега беа пробиени повеќе рокови кои македонската страна ги најавуваше како опции за постигање договор.

Поседната најава од примерот беше дека се надева на решение до јули оваа година.