Македонија
17. July 2019 - 16:21

Заев: Државата ќе ја урне дивоградбата во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот си игра мајтап

Премиерот упати директна закана до охридскиот градоначалник,  ќе му ги одземе  ингеренции доколку не ги  отстрани  дивоградбите. УНЕСКО не е единствената причина порача премиерот кој му се обрати  јавно и на  советникот на ДУИ во Охрид да ги урне своите незаконски изградени објекти. Ако не постапи  општината, тогаш правдата ќе ја истера Владата.

-Многу брзо извршната.. Ни помалку, ни повеќе, ни мускули, ни сила, само по закон за секого...Очекувам да се постапи согласно законот за секој ако не се постапи најавувам одземање надлежности . ако не посапат јасно е пропишано како се одзимаат надлежности. Апелирам до сите граѓани и до почитуваниот советник нефи да си ги острани дивоградбите кои неможат да се легализираат односно немаат никакво право на легализација. Затоа што државата ќе ги тргне , ќе ги тргнеме заради тоа што е загрозено охрид с унеско, граѓаните реагираат, не е правда овде, изјави Заев.

Од ВМРО ДПМНЕ прашува дали некој согласно законот за дивоградби  ќе одговара кривично. Опозицијата обвинува дека власта ги става бизнис партиските интереси пред државата.

Владејачката СДСМ им порача дека е срамно ВМРО ДПМНЕ да зборува за Охрид по 11 години злоупотрена на природното и културно богатство.

- Додека ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше охриѓани со белосветски измамници како Субрата Рој, го уништуваше Плаошник и градеше неконтролирано и нелегално исклучиво за да се богатее, денес СДСМ ги решава наследените проблеми.

Охрид е на стаклени нозе пред Унеско откако го ставија на листата градови со загрозено светско наследство поради дивоградбите лоцирани пред се во заштитниот појас.

Од вкупно 1.076 дивоградби 409 се на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.

Во оваа статистика влегуваат и дивоградбите  на советникот на ДУИ Нефи Усеини кај Чинарот, како и бетонската база на стариот пат Охрид Струга.

Откако општината распиша тендер за фирма која ќе ги урива, Усеини се пријави со своја фирма сакајќи да наплати што ќе ги урне сопствените дивоградби.

Според Антикорупциска ваквиот потег на советникот Усеини се коси и со законот.