Македонија
10. December 2021 - 19:57

Заев до свиркачите кои ги извадија „бомбите“: Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество

Премиерот Зоран Заев ја честиташе државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ на, како што ги нарече, хероите на демократијата, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

-Нивната храброст и нивните вредности осојузени со политичкото и граѓанското мнозинство беа силен удар врз недемократските окови на режимот и го започнаа патот кон ослободувањето на нашето општество. Оваа нивна жртва ги поставува високо на пиедесталот моралот и одговорноста коишто еден граѓанин може да ги покаже. Не би можел да замислам посоодветен и позаслужен избор на луѓе за оваа награда.  Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество, напиша Заев на Фејсбук.