Македонија
16. July 2021 - 20:47

Заев до нашите олимпијци: На спортските арени сите се со еднакви шанси да го постигнат најдоброто

 Премиерот Зоран Заев им посака успешен настап на членовите на Олимписката делегација на Република Македонија кои заминуваат за Токио за да учествуваат на 32-те, одложени Летни олимписки игри 2020.

-На ова врвно олимписко натпреварување во Токио оваа година, нашата држава ја претставуваат: Миа Блажевска-Еминова и Филип Деркоски во пливање, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво, Дејан Георгиевски во таеквондо, Пулексенија Јованоска во карате – ката, Магомедгаджи Нуров во борење слободен стил, Арбреша Реџепи во џудо и Јован Стојоски во атлетика. Тоа се нашите олимпијци кои со самото учество на најпрестижната спортска манифестација го остварија својот сон. Сите ние од 23 јули до 8 август со мислите и со најубавите желби ќе бидеме со нив. Ќе ги бодриме да постигнат нови лични успеси и да знаат дека на теренот, на спортските арени, сите се со еднакви шанси да го постигнат најдоброто, напиша на Фејсбук премиерот Заев.