Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница
Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница порача дека нема да дозволи да се креираат и кажуваат лаги за да се исполнат одредени стратегии.
Тој му порача на пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ дека лаже, откако овој го обвини оти неговиот надворешен советник Љупчо Зафировски е избран за советник, бидејќи им помагал на фирмите на Заеви да извезуваат производи надвор од државата.
– Лажете, бесрамно лажете. Да кажете дека Љупчо Зафировски е советник затоа што соработувал со Заеви е лага. Конкретна и прецизна лага, но неможете да си креирате приказни и преку лаги и невистини да зборувате одредени тези кои треба да исполнат некои ваши стратегии, рече Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Тој додаде дека има право да ангажира кого сака во својот Кабинет. – Ми замерувате за советник, кој го плаќаме 1.200 евра. Па, на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте, рече Заев.
Тој ги демантираше и обвинувањата од Милошоски дека во неговиот кабинет дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра.
Премиерот ги повика сите оние кои имаат аргументи за некаков рекет, тоа да го пријават кај надлежните органи.
– Многу дрско се злоупотребува говороницата за да се лиферуваат теми и да се конектираат со актуелни случаи, како што е случајот „Рекет“. Ако има ваков случај, тогаш тоа е обврска на секој граѓанин да го пријави, а посебно на пратеник. Креирањето на вакви амбинети ниту ќе ви помине, ниту ќе дозволиме да ви помине, затоа што сме чесна Влада. Нема да дозволам ниту мојата канцеларија, ниту мојот Кабинет да бидат ставени во ситуација, кога некој немајќи аргументи да ја критикува Владата, измислува случаи, потенцира Заев.
Седницата за пратенички прашања ќе трае до 19 часот, бидејќи наместо во 11 почна во 12 часот поради обврски на премиерот. Редовната едночасовна пауза наместо во 14 часот, ќе почне во 15 часот.
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници