Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите
Во Република Северна Македонија нема ниту една легална депонија. За жал кога ќе излезете од кој било град, од кое било населено место гледате дива депонија. Тоа прво е неодговорност на институциите кои мора тоа да го контролираат, градоначалниците се најмногу надлежни, но тука се и инспекциите пред се комуналните инспекции. Но, ние граѓаните на крајот на денот треба да го депонираме ѓубрето во кантите за смет, а тие што го креваат ѓубрето да може да го однесат на определените депонии за смет.
Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека спроведуваат регионални проекти, пред четири дена усвоиле конечна одлука за регионална депонија за североисточниот и источниот регион, финансиран проект од близу 37 милиони евра од Европската унија, кој опфаќа буквално два региони од осумте региони.
– Другите пет региони во државата се на конечната верзија заедно со ЕБРД на обработката на проектната документација, физибилити студиите и договорите за јавно приватно партнерство и концесии по теркот кој го изработува Европската банка за обнова и развој и останува скопската депонија која градот Скопје како осми регион треба да го реши, рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромки јазик“.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите