Заев денеска ќе ги достави предлозите за нови министри и заменици-министри
Премиерот Зоран Заев денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места во Владата. Засега, не се знае кога ќе се одржи пленарната седница на која би се избрале новите министри и заменици-министри.
Како што вчера најави Заев по седницата на Централниот одбор, за нов министер за финансии е предложена Нина Ангеловска, за заменик-министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а за нов заменик-министер за економија е предложен Кире Колемишевски бидејќи сегашниот заменик-министер Кире Наумов заминува на нова функција односно ќе биде директор на Македонската банка за поддршка и развој. За заменик-министер на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците е предложен Неџат Мехмедовиќ.
Министерското место за финансии беше испразнето откако со реконструкцијата на Владата беше разрешен министерот за финансии Драган Тевдовски. Со Министерството за финансии, како што тогаш најави, раководеше премиерот Заев, но ваквата негова одлука наиде на реакции од опозицијата, како и од Антикорупциската комисија, по што тој кажа дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер.
Заменичкото место во Министерството за образование и наука, пак, беше испразнето по оставката на заменик-министерот Петар Атанасов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација