Македонија
18. November 2020 - 10:54

Заев: Да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти

„Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности. Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение.

Во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ.“ стои во објавата на премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на...

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, November 18, 2020