Заев-Чаба: Поддршка од Канада за интеграцијата на Македонија во НАТО
НАТО интеграциите на Македонија ќе бидат значаен придонес кон стабилноста и безбедноста во државата, но и на целиот регион, истакнале на денешната средба премиерот Зоран Заев и канадската амбасадорка за Македонија Кетлин Чаба.
- Канадската амбасадорка Чаба ги поздрави чекорите на стабилност што ги направија премиерот Заев и новата Влада по политичката криза во земјата, низ ефективниот реформски процес и добрососедските односи. Амбасадорката Чаба пренесе поддршка од Канада за интеграциите на Република Македонија во НАТО, соопшти по средбата владината прес-служба.
Заев и Чаба се заложиле за унапредување на соработката помеѓу двете држави, посебно во делот на економијата и можностите за инвестирање.
Канадската амбасадорката соопштила дека има заинтересирани бизнисмени од Канада за инвестирање во Македонија и договорено е, соработката, поактивно да продолжи низ дефинирање на областите од заеднички интерес.
Заев од своја страна рекол дека се прави се што е потребно за реализација на стратешките цели на Република Македонија, интеграциите во НАТО и ЕУ, на кој план очекува значителни поместувања.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи