Македонија
3. February 2020 - 17:01

Заев беше сведок во Монструм - нема нови бомби и докази за убиството кај Смилковското езеро

Зоран Заев тврди дека не поседува дополнителни докази за убиството кај Смилковското езеро.. Во своето сведочење пред судот, повеќе од два и пол часа ги убедуваше роднините на убиените момчиња дека освен т.н бомби кои ги предал во СЈО, нема дополнителни информации за случајот..

„Повелете да ја проследиме сите истрагата. Можеби истрагата ќе покаже дека некој, дел, сите се виновни, невини. Виновни зарад тоа и тоа, но тоа да го каже истрага. Ако Јас го кажам ќе испадне дека делам пресуда и оценувам кој е виновен а кој Не“

Родителите на убиените момчиња го потсетија Заев на разговорите кои со нив ги водел во партиското седиште а подоцна и во владата.. 

Горан Наќевски: Спомнувавте и вмешаност на некои тајни служби, може да посочите конкретни имиња?

Зоран Заев: Не можам да спомнам имиња, бидејќи немам таква информација за лица кои работат во тајните служби, а биле вмешани во случајот..

Горан Наќевски: Од вашата крајна несериозност, ние од чесни и сиромшани луѓе станавме се и сешто. Дали ве прашале мајките на убиените момчиња за можна инволвираност на Трајко Вељановски, имате некакви докази за тоа?

Зоран Заев: Не се сеќавам на прашањето за Вељановски, не поседувам докази за неговата вмешаност. Тоа сигурно било споделување неточни писанија кои сум ги видел во медиумите од квази новинари, одговори Заев.

Според Адвокатот на оштетените семејства, сведочењето на Заев било политички говор..

„Господинот Заев го бива за политика и мислам дека сите одговори му беа политички а не конкретни така што мислам дека нема ништо ново кое би придонело за поинакви докази, поинакво рафетлување на случајот“

Од така наречените бомби за случајот се слушна како функционери од тогашната власт ги барале сторителите на убиството, а  обвинет во случајот разговарал со тогашниот градоначалник на Гостивар за земање субвенции..

Монструм се суди по втор пат откако Врховниот суд ги укина доживотните затворски казни за шестемина обвинети и побара повторување на постапката..