Македонија
5. April 2017 - 12:52

Заев беше повикан и од своите пратеници но не излезе на говорница да каже што прифатил од платформата

 
Пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ констатира жалење што Зоран Заев после сите повици како од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од народот кој што секојдневно е на улиците, така и од пратениците од СДСМ, сеуште не излегува да каже дека ја прифатил Тиранската платформа.
 
-Иако пратениците од СДСМ јавно го повикаа Зоран Заев да излезе на говорницата и да каже шти прифатил, тој сеуште не најде да ги удостои ниту сите пратеници ниту македонската јавност која што со право е загрижена.
 
Илиоски посочи дека СДСМ повторно се служи со истите сценарија како во минатото кога кукавички ги распродаваше националните и државните интереси и симболи како што се името, знамето и катастрофалната територијална распределба.