Заев: Ако Пендаровски загуби од Силјановска ќе се распишат предвремени парламентарни избори
Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот – Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори.
– Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика.
Заев ги најави законите за социјална помош и за социјална пензија, но стравува дека за нивно донесување во Собранието ќе треба повеќе време затоа што претстојат претседателските избори, а и можно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги потпише, односно да ги врати на повторно гласање.
– Ако не наскоро, тогаш се надевам дека ќе се стигне до почетокот на мај – рече Заев пред новинарите.
Додаде дека не очекува од Иванов да амнестира некого пред да си замине од својата функција, затоа што, како што вели тој, не постои законска можност за тоа.
– Не постои таков случај за кој ќе има таква можност. Се знае кога претседателот или министерството за правда тоа можат да го сторат. Оние што беа амнестирани добија таква можност со посебен закон кој го донесовме во инклузивен процес – наведе шефот на македонската Влада.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок