Македонија
8. September 2020 - 11:09

Заев: 8 Септември е круна на вековниот процес за создавање на македонската држава

„8 Септември е датум кој претставува круна на вековниот процес на создавање на македонската држава. Исполнет е идеалот и стремежот на многу генерации пред нас“, истакна премиерот Зоран Заев на обраќањето по повод Денот на независноста.

Денес, 29 години подоцна, се стекнавме со посебен углед во светот и се стремиме кон унапредување на демократскиот амбиент во државава, посочи Заев. Во развивањето многу ни помогнаа ЕУ и НАТО, кои ни служеа како најважни стратешки патокази низ годините, рече премиерот, додавајќи дека со договорите со Грција и со Бугарија направивме значителен пробив на меѓународен план. Заев поводот го искористи и за порака до домашните политички субјекти.

„Ја повикувам опозицијата да ги напушти теснопартисиките интереси", рече Заев.

Напомена и дека главен предизвик и понатаму останува развивањето на економијата и реформите во судството, како и справувањето со пандемијата.

Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата беше одржана во посебни услови, согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание.

 

Горан Симоновски