Македонија
2. September 2021 - 11:46

Заев: 60% од граѓаните во Радовиш велат дека Герасим Конзулов не треба да биде реизбран

За протестот на кој членови на СДСМ палеа партиски членски книшки и го запалија партиското знаме поради одлуката сегашниот градоначалник во Радовиш Герасим Конзулов да не биде реизбран, премиерот Зоран Заев кажа дека секој протест е слободно уставно загарантирано право. 

„Ние водиме грижа за незадоволството и се обидуваме на сите да им објасниме зошто вака имаме одлучено. Анкетите во Радовиш покажаа дека повеќе од 60 проценти од граѓаните велат дека сегашниот градоначалник не заслужува да биде реизбран, и тоа е јасна порака од граѓаните дека треба да настапите со ново кадровско решение кое што има многу попозитивни реакции кај граѓаните.“, кажа Заев.