Македонија
29. December 2020 - 15:48

Заев: 6 милиони денари помош за Хрватска

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите“, напиша Заев.

Тој упати силна поддрша до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.

„Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“.


 

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во...

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, December 29, 2020