Свет
16. May 2016 - 12:11

Заеднички воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја за одбрана од ракетни напади

САД, Јапонија и Јужна Кореја следниот месец ќе спроведат заеднички воени вежби за одбрана од ракетни напади, со цел да се подготват за евентуални закани од страна на Северна Кореја, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе започнат на 28 јуни во близина на Хаваи, а нивна задача ќе биде откривање и следење на замислена севернокорејска ракета. Пресретнување на ракети нема да биде дел од воените вежби.

Американската армија ќе испрати авион, кој ќе ја има улогата на ракета. Тој ќе биде следен од бродови на трите земји, вооружени со противракетен систем „Иџис“.