Свет
10. December 2017 - 11:05

Заеднички вежби на Јапонија, САД и Јужна Кореја на Корејскиот Полуостров

САД, Јапонија и Јужна Кореја следната недела ќе одржат вежби за следење ракети кај Корејскиот Полуостров, соопштија денеска јапонските поморски одбранбени сили.

Вежбите ќе се одржат утре и задутре, а воедно тоа се шести по ред вежби, за време на кои ќе се споделуваат информации за следењето балистички ракети.