Свет
27. December 2019 - 13:03

Заеднички поморски вежби на Иран, Русија и Кина

Иранската морнарица денеска ги почна првите заеднички поморски вежби со Русија и Кина во северниот дел на Индискиот Океан.

Целта на четиридневните вежби е зајакнување на безбедноста во водите на регионот, изјави адмиралот на иранската морнарица Хосеин Ханзади.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Ву Чиан вчера изјави дека вежбите ќе „ја продлабочат размената и соработката на морнариците на трите земји“.

Тој информира дека во вежбите учествува и кинескиот ракетен разорувач „Сининг“.

Иранската телевизија наведе дека овие вежби покажуваат дека Иран не е изолиран, и покрај повлекувањето на САД од нуклеарниот договор што Техеран го постигна со светските сили во 2015 година и санкциите на администрацијата на Доналд Трамп против Техеран.