Македонија
1. October 2020 - 12:09

Заеднички ќе се решава проблемот со автобуско поврзување меѓу три општини од југоистокот

Гевгелискиот совет ја прифати иницијативата за меѓуопштинско заедничко решавање на проблемот со автобускиот линиски превоз со општините Дојран и Богданци.

Трите општински центри подолго време беа поврзани со јавен превоз на локално ниво, но тој моментно воопшто не функционира, особено од почетокот на пандемијата со корона вирусот, така што на пример граѓаните од општина Дојран, па и Богданци, кога имаат потреба од било што, не се во можност да стигнат до Гевгелија.

Иницијативата за решавање на овој горлив и актуелен проблем,преку воспоставување на заедничка соработка,што беше прифатена од гевгелискиот совет,ја покренаа советниците на општина Дојран и градоначалникот Анго Ангов.

За ефикасно решавање на проблемот прво ќе биде формирано заедничко меѓуопштинско тело кое ќе има цел да иницира начини за повторно воспоставување на јавен линиски превоз меѓу општините Гевгелија,Богданци и Дојран.