Балкан
3. јуни 2016 - 9:46

Заедничка седница на владите на Албанија и Косово

Денеска во Приштина ќе се одржи заедничка седница на албанската и косовската влада, јави дописникот на МИА.

- Според соопштението од косовската Влада се очекува да бидат потпишани и неколку спогодби, но не се прецизира за какви спогодби станува збор, пишува елекронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Ова инаку е трета заедничка средба на владите на двете земји. Првата беше одржана во косовскиот град Призрен во 2014 година, додека втората лани во Тирана.

Премиерот на Косоово, Иса Мустафа на својот профил на Фејсбук постираше фотографии за тоа како ќе изгледа салата во Националната библиотека „Пјетр Богдани“, каде ќе одржи седницата.

- Косово и Албанија чекорат во правец на европската иднина. Ќе направиме уште еден заеднички чекор, напиша тој на профилот.