Балкан
28. May 2018 - 10:38

Заедницата на српски општини најдоцна до крајот на годината

Шефот на косовската делегација за технички дијалог со Белград Авни Арифи информира дека Заедницата на општини со мнозинско српско население ќе се формира најдоцна до крајот на годината, доколку истата биде во согласност со Уставот и законите на Косово. јавува дописникот на МИА од Приштина.

Арифи за „Епока е Ре“ изјави дека Владата е во очекување на драфтот на статутот на Заедницата.

Тој нагласил дека косовската страна прави максимални напори за исполнување на меѓународните обврски.

Прашан дали е можно Заедницата да остане да се реши во „финалето“ на дијалогот Косово-Србија, тој не ја отфрлил таа можност, но рекол дека сепак Приштина цело време се залага за заживување на меѓународните обврски кои ги презела.