Македонија
7. December 2016 - 16:27

Заедницата на македонците од Данска против плановите на Заев

Заедницата на Македонци од Данска реагира на како што велат  крајно кукавичката и поразителна кампања на опозициската коалиција предводена од СДСМ. Тие пишуваат дека се нераскинлив дел од македонското ткиво и категорично се спротиставуваат на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија.

-Со огромно разочарување ги следиме срамните јавни настапи на г-динот Заев на митинзите на СДСМ дека не се залага за федерализација и дека нема да го промени Уставот на Р. Македонија а во исто време на повеќе настапи по национални и странски телевизии, како и на средби со албанската дијаспора, јавно заговара промена на Уставот, двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација на нашата Татковина, стои во дописот од Заедницата на Македонци од Данска.

Тие во соопштението до јавноста потенцираат дека во предвечерието на овие според нив референдумски избори, македонскиот граѓанин е повторно пред големо искушение за зајакнување на интегритетот и суверенитетот и по којзнае кој пат како што велат народот повторно гордо ќе се справи со домашни предавници и странски емисари.

За Заедницата на Македонци од Данска, Македонија и после овие тешки искушенија повторно ќе се надкрене уште посилна давајќи им до знаење на сите непријатели дека сме поминале и уште потешки времиња од ова и дека секогаш сме опстојувале, бидејќи како што велат за Македонија се работи.