Бизнис
27. September 2020 - 21:22

Задоволни ли се синдикатите и бизнис заедницата од новите мерки за помош?

Владата скрои пакет по терк на бизнисот. Газдите задоволни што голем дел од нивните барања се вградени во новиот сет мерки. Ковид кризата серозно им ја наруши ликводноста им ги намали нарачките за скоро 30%, производството им паѓа, приходите им се топат. Затоа велат - добро е што државата ќе ги субвенционира гаранциите при извозот, а исплатата на минималната плата ќе овозможи вработените да не стравуваат дека ќе ја изгубат работата.

Научени сме во овој период да се бориме, но сметаме дека со најавените мерки до крајот на годината ќе издржиме. Ја поздравувам мерката за субвенционирање на гаранциите од страна на државата. Сметаме дека извозно ориентираните компании ќе имаат голем бенефит од тоа. Износите за гаранции, однсно трошоците ќе им се намалат за 20%, изјави Владанка Трјакоска, Раде Кончар, член на социоекономсиот совет.

Со исплата на минимална плата ќе се зачуваат работните места, сметааат и од ССМ. Задоволни што нивното барање е прифатено, за да се спречи најавениот бран отпуштања. Се надеваат дека газдите нема да ја злоупотребат дадената помош, туку парите ќе завршат во џебот на работниците.

Не можевме да најдеме начин државната помош дирекно да се исплати на сметката на работниците, затоа што ќе се создадеше хаос при исплатата на придонесите, но со законските измени сметам дека газдите нема да ја злоупотребат помошта од државата, затоа што кривично ќе одговараат, однсно може да завршат и во затвор, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

 Владата очекува најавениот сет мерки да стапи на сила од октомври, но најверојатно дел од закононските измени ќе треба да го поминат и собранискиот филтер, осносно да бидат изгласани и во Парламентот.