Бизнис
28. December 2017 - 20:17

Задолжувањето со државни хартии од вредност догодина 5,454 милијарди денари

Максималниот износ на новото задолжување со издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година ќе изнесува 5, 454 милијарди денари, одлучи Владата на денешната седница.

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со Буџетот за 2018 година и врз основа на Законот за јавен долг.