Задолжителен седумдневен карантин за сите што ќе пристигнат во Грција
Освен потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.
Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.
За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година