Македонија
19. August 2020 - 12:43

Задолжителен ПЦР тест за државјаните на Косово кои транзитираат низ Македонија

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ Македонија.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Овој предлог од Комисијата ќе биде доставен до Владата. Одлуката следи по неколкуте авиони со  патници кои од полетаа од Македонија и слетаа во Финска. Според информациите кои ги објавија финските власти, во последните 10 дена во три авиони кои полетале од Скопје во земјата влегле вкупно 42 патници кои при тестирањето биле позитивни на КОВИД19.

Министерството за здравство утрово објави дека бележи намалување на бројот на нови случаи позитивни на КОВИД  19. Според статистиката на Институтот за јавно здравје минатата недела бројот на спроведени тестови е зголемен за 17,8%  додека бројот на позитивни во споредба со спроведените тестови е намален на 7,8%.

Во споредба со претходните недели, продолжува континуитетот на намалување на процентот на позитивни случаи а вечер трета недела по ред вирулентонста е под 10 проценти

Процент на позитивни од спроведени тестови:
10.08 – 16.08 -  7.8%
03.08 – 09.08 – 8.6%
27.07 – 02.08 – 9.4%
26.07 – 20.07 – 10%

Според возраста на инфицираните пациенти, најмногу позитивни има меѓу постарите од 60 години или вкупно 22,8%. Следи возрасната група од 30 до 39 години со 18,1% па пациентите кои се на возраст од  50  до 60 години на кои отпаѓаат  18% од вкупниот број на позитивни случаи.
Најмалку позитивни има кај младите од 10 до 19 години 5,4% и оние помлади од 9 години на кои отпаѓаат само 2,9% од вкупниот број на случаи.
35,3% од новите случаи минатата недела вирусот го добиле по контакт со потврден случај додека 3% велат дека биле на патување во претходните 14 дена.
Вкупно се регистрирани 17 смртни случаи од кои 16 починале во болница а еден во вонболнички услови.