Македонија
1. August 2022 - 16:44

Задолжителен и дополнителен - Ова е една од опциите за најавениот референдум

Задолжителен и дополнителен референдум. Тоа се единствени одреденици околу референдумот кој го заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а кој треба да се однесува на францускиот предлог за преговарачката рамка и на билатералниот протокол со Софија.

Задолжителноста како што откриваат партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи дека власта нема да може да ја одбегне волјата на народот. Во партијата се размислува на дополнителен референдум, пак, бидејки  тој се однесува на веќе донесена одлука.

Со ова, опозицијата сака да ја исклучи можноста Собранието да се прогласи за ненадлежно за референдумот. Пример, прашањето може директно да не се однесува на преговарачката рамка, бидејки за нејзе е надлежна Владата, ама може да се однесува посредно на Договорот за добрососедство со Бугарија кој во парламентот е ратификуван во форма на закон.

Во секој случај, референдумот не треба да биде антиевропски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Конкретното референдумско прашање, сепак, ќе биде дефинирано кон крајот на месецот или пак, септември.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, официјално реагираат на промената на ставотот на шефот на државата Пендаровски, кој привично прифати референдум ако прашањето е дали сте влез на Македонија под овие услови, но вчера рече дека бил неразбран и не е за референдум.

Од власта пак, се уште на ставот против референдумско изјаснување за нешто за кое мнозинството пратеници дало согласност. Повторуваат дека референдумот е за внатрепартиска потреба на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, не даваат одговор како ќе се изјаснат пратениците на СДСМ доколку стигне инцијатива за референдум во парламентот.

Соголасно член 73 од Уставот