Македонија
14. October 2019 - 21:52

Зад решетки убиецот на Мартин Јанушев после две години бегство

Осуденикот и бегалец Филип Секуловски Кобра, кој е осомничен и за убиството на фубалерот Мартин Јанушев вечерва е уапсен и спроведен во истражниот затвор Шутка, дознава Сител.

Секуловски беше речиси две години во бегство и по него беше распишана меѓународна потерница откако им избега на органите на прогонот веднаш  по убиството на Јанушев на 4 ноември 2017 година во скопски Аеродром.

Според досегашната истрага, Кобра бил бегалец од затворот Идризово кој ден пред убиството бил пуштен на слободен викенд, по што му се губи трагата.

28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари Солидарност и 11 Октомври. Беше застрелан пред неговиот дом  вечерта меѓу 3 и 4 нември 2017 година.

Мотивите за убиството се непознати, но во јавноста проструија информации дека се работи за нарачано убиство.