Зачестени повиците во Брза Помош од Ковид пациенти кои се на домашно лекување
Пеколните горештини засега не ги вжештија телефоните во скопската Брза Помош, но лекарите велат дека повеќе на мака се лицата позитивни на Ковид-19 кои се на домашно лекување. Деновиве се зачестени повиците од вакви пациенти кои имаат влошување на здравствената состојба.
- Имаме зголемен број на влошувања на Ковид позитивни лица кои се на домашно лекување и бараат помош од нас. Кај некои интервенираме, некои ги транспортираме до соодветните здравствени установи, вели др. Елена Пиловска од Брза Помош Скопје. Доктор Пиловска појаснува дека влошувањето не е поради пеколните горештини.
Но освен Ковид-19 и корона кризата во која живееме веќе 5 месеци, лекарите апелираат дека не треба да бидат занемарени и другите болести, особено состојбите кои можат да настанат како последица на пеколните горештини.
На пример долготрајната изложеност на сонце може да доведе до акутни состојби како што се сончаница, топлотен удат, грчеви во мускулите велат од скопската Брза Помош.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор