Бизнис
29. July 2016 - 20:11

Забрзува инвестицискиот циклус - За пет месеци годинава 50 милиони евра сди повеќе од лани

Забрзува инвестицискиот циклус во земјава. Заклучно со мај годинава, реализирани се инвестиции во висина од над 141, 3 милиони евра или околу 50 милиони повеќе од истиот период  лани. Во цела 2015 во земјава влегле вкупно 157 милиони евра СДИ, а за периодот  до мај околу 92 милиони.

Овие податоци на НБРМ покажуваат дека политичката криза нема силно влијание на одлуките на инветситорите да ја одбреат земјава за своја бизнис дестинација. 

Во поседните 12 месеци дури 23 компании најавиле влез во Македонија. Нивните инвестиции во наредниот период треба да достигнат до 650 милиони евра, а во новите фабрики ќе работат 10.000 луѓе.

„Ова е доказ дека економските политики во земјава се добро поставени. Како резултат на тоа имаме постојан раст на БДП и на извозот, а се намалува невработеноста. Таа сега е на најниски 24,6%, а пред десетина години изнесуваше 38%“, изјави неодамна вицепремиерот Владимир Пешевски.

Само во последните неколку недели неколку компании ги конкретизираа актинвостите во земјава.  Вчера почна со грдба фабриката на ГРАД Екологија во Илинден, во вторникот Краунфилд Фаундри во Пробиштип почна со градба, Гентерм во Прилеп минатат недел апочна со производтсво. 

ОДВ електрик во Охрид привршува со градба на новата фабрика, исто како и Кондево во Штип. Во зоната Бунарџик во Скопје се градат три нови фабрики, а во Струмица Џонсон Контролс гради нов капацитет.

Заклучно со минатиот месец само во зоните имаше 6500 работници, до крајот на годината бројката ќе стигне до 7500.

Странските компании носат бенефит  и на домашните фирми. Со нив соработуваат дури 500 македонски претпријатија.