Забрзано се гради западното крило на гевгелиската гимназија
Во Гевгелија се интензивираат градежните работи на новиот, западен дел од средното училиште „Јосиф Јосифовски“, што ќе биде надграден со два ката, со 14 нови училници и современ угостителски дел што ќе се користи и за комерцијални цели.
Од изведувачот на работите, градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија денеска потврдија дека веќе се поставени темелите на новиот објект каде ќе биде сместена угостителската сала со придружните простории и дека паралелно со тоа се одвиваат и активностите за изградба на училниците.
Реализацијата на објектот ќе чини околу 39 милиони денари што училиштето ги обезбедило од донации, а од Општина Гевгелија информираа дека општината обезбедила дополнителни 3,7 милиони денари за неопходните истражувања на тлото што биле изведени од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија од Скопје.
Според договорот, новиот објект на гевгелиската гимназија треба да биде комплетно завршен и предаден во употреба до почетокот на новата учебна година.
Ново на Сител
-
Свадби без оро, но и без музика - Музичарите дискриминирани во предлогот
-
Со 62 гласа „за“ изгласана доверба за Владата на Заев
-
Засега нема потврдена јужноафриканска мутација во земјава
-
Нема посебни графи, секој може да се попише како сака, тврди статистика по барањата од бугарските здруженија
-
Тимчо Муцунски гостин во Дневникот - Каде исчезна најавуваното ново мнозинство?
-
Прва МФЛ: Три победи за гостинските екипи
-
Техномаркет го отвори својот нов продажен салон во Аеродром со големи попусти
-
Почна попишувањето на бездомниците