Живот
4. March 2016 - 16:03

Забременила со помош на донатор на сперма, а кога видела кој е татко на нејзиното дете...

Аминах Харт во својот живот минала низ најтешка болка - нејзиниот прв син Марлон починал на 4-месечна возраст, а вториот, Луис, на 14 месеци. Причината за нивната смрт била ретко генетско пореметување, а Аминах знаела дека всушност таа е носител на болеста. Децата имале различни татковци, па по губењето на децата ниедна врска не можела да преживее.
 
"Тоа не може да се искаже со зборови. Бев во две врски и изгубив две деца. Откако го загубив второто дете ми дијагностицираа тешко генетско пореметување", рекла Аминах.
 
 
Кога несреќната жена наполнила 42 години била сама и без деца. Секогаш се замислувала опркужена со деца и поради тоа донела тешка одлука - знаејќи дека шансите се 1 наспрема 4 да има здраво дете, побара помош од банка за сперма.
 
"Долго ги размислував сите можности: мојата возраст, социјален статус, и фактот дека носам тешко генетско пореметување", кажала Аминах.
 
Во 2011 година таа побарала помош од банка за спера и се одлучила за онаа на извесен Скот Андерсен. По девет месеци родила здраво девојче, Лејла.

Две години подоцна, мајката на Аминах ја убедила да го побара таткото на девојчето, Скот кој е донаторот на спермата. 

Откако се запознале, Аминах почнала често да ја носи Лејка кај нејзиниот татко. Набрзо тие сфатиле дека сакаат да бидат заедно и заедно да се грижат за нивната ќерка.

"Се заљубивме. Беше чудно и неверојатно искуство", заклучила Аминах која се согласила и рекла "да" кога Скот ја запросил.